Објавено: 30 јули 2024 година
Стапува на сила: 30 септември 2024 година
Овие услови („Услови“) го покриваат користењето на оние производи за потрошувачи, веб-локации и услуги на Microsoft наведени на крајот од овие услови тука (http://approjects.co.za/?big=servicesagreement#serviceslist) („Услугите“). Вие ги прифаќате овие услови со креирање сметка на Microsoft, со користење на услугите или со продолжување на користењето на услугите по известувањето за промена во овие услови.
1. Вашата приватност. Ние се грижиме за вашата приватност. Прочитајте ја изјавата за заштита на личните податоци на Microsoft (https://go.microsoft.com/fwlink/?LinkId=521839) („изјавата за заштита на личните податоци“) бидејќи ги опишува видовите податоци што ги собираме од вас и од вашите уреди („податоци“), како ги користиме вашите податоци, како и правната основа што ја имаме за обработување на вашите податоци. Изјавата за заштита на личните податоци исто така опишува како Microsoft ги користи вашите содржини, што се вашите комуникации со други лица; објавите поднесени од ваша страна до Microsoft преку услугите; како и датотеките, фотографиите, документите, аудиозаписите, дигиталните дела, емитувањата во живо и видеозаписите што ги поставувате, складирате, емитувате, создавате, генерирате или споделувате преку услугите или внесовите што ги поднесувате за да генерирате содржини („вашите содржини“). Онаму каде што обработувањето е базирано на согласност и до степенот дозволен со закон, преку согласувањето со овие услови, давате согласност Microsoft да ги собира, користи и открива вашите содржини и податоци како што е опишано во изјавата за заштита на личните податоци. Во некои случаи ќе обезбедиме одделно известување и ќе ја бараме вашата согласност како што е наведено во изјавата за заштита на личните податоци.
2. Ваши содржини. Многу од нашите услуги ви овозможуваат да создавате, складирате или споделувате ваши содржини или да добивате материјал од другите. Ние не полагаме сопственост на вашите содржини. Вашите содржини остануваат ваши и вие сте одговорни за нив.
3. Кодекс на однесување. Вие сте одговорни за вашето однесување и за содржината при користење на услугите.
4. Користење на услугите и поддршката.
5. Користење апликации и услуги од трети страни. Услугите може да ви овозможат да пристапите до или да се стекнете со производи, услуги, веб-локации, врски, содржини, материјал, игри, вештини, интеграции, ботови или апликации од независни трети страни (компании или луѓе што не се Microsoft) („Апликации и услуги од трети страни“). Многу од нашите услуги исто така ви помагаат да најдете апликации и услуги од трети страни, да упатите барања до нив или да имате интеракција со истите и може да ви дозволат или да побараат да ги споделите вашите содржини или податоци со таквите апликации и услуги од трети страни и разбирате дека со користење на нашите услуги, ги насочувате да ги направат апликациите и услугите од трети страни достапни за вас. Апликациите и услугите од трети страни може да ви дозволат или да побараат од вас да ги складирате вашите содржини или податоци кај објавувачот, давателот или операторот на апликациите и услугите од трети страни. Апликациите и услугите од трети страни можат да ви претстават политика за приватност или да бараат од вас да ги прифатите нивните услови пред да може да инсталирате или користите апликација или услуга од трети страни. Погледнете го делот 13.б за дополнителни услови и апликации што се набавени преку одредени продавници во сопственост на Microsoft или неговите филијали или управувани од нив (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на Office Store, Microsoft Store на Xbox и Microsoft Store на Windows. Треба да ги прегледате сите услови и политики за приватност на третите страни пред да набавите, користите, побарате или да ја поврзете сметката на Microsoft со која било апликација или услуга од трети страни. Никакви услови од трети страни не ги менуваат овие услови. Microsoft не ви дава лиценца за каква било интелектуална сопственост како дел од која било апликација или услуга од трета страна. Се согласувате да ги преземете сите ризици и обврски што произлегуваат од вашето користење на овие апликации и услуги од трета страна и дека Microsoft не е одговорен за кои било проблеми што ќе произлезат од тоа што ги користите. Microsoft не е одговорен или обврзан на вас или другите за информации или услуги што ги обезбедуваат апликациите и услугите од трети страни.
6. Достапност на услуга.
7. Ажурирање на услугите или софтверот и промени на овие услови.
8. Лиценца за софтвер. Освен ако е придружен со посебен договор за лиценца на Microsoft (на пример, ако користите апликација на Microsoft што е вклучена во и е дел од Windows, тогаш за таквиот софтвер се применуваат Условите за лиценца за софтвер на Microsoft за оперативниот систем Windows), секој софтвер што ви го обезбедуваме како дел од услугите подлежи на овие услови. Апликациите што се набавени преку одредени продавници во сопственост на Microsoft или неговите филијали или управувани од нив (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на Office Store, Microsoft Store на Windows и Microsoft Store на Xbox) подлежат на делот 13.б.i подолу.
9. Услови за плаќање. Ако купите услуга, тогаш за таа набавка се применуваат овие услови на плаќање и вие се согласувате со нив.
10. Договорен субјект, избор на законодавство и место за решавање спорови. За вашето користење на бесплатните и платените услуги за потрошувачи од брендот Skype, доколку живеете надвор од Европа, Средниот Исток или Африка, склучувате договор со, и сите упатувања на „Microsoft“ во овие услови се однесуваат на Skype Communications S.à.r.l, 23 – 29 Rives de Clausen, L-2165 Luxembourg, освен ако подолу не е поинаку наведено. За бесплатните и платените услуги за потрошувачи од брендот Skype, доколку живеете надвор од Европа, Средниот Исток или Африка, за толкување на овие услови и побарувањата при нивно прекршување се применуваат законите на Луксембург, без оглед на судирот на законските принципи. За сите други побарувања (вклучувајќи ги побарувањата за заштита на потрошувачите, нелојална конкуренција и неизвршување обврски) се применуваат законите на провинцијата или земјата каде што живеете. Доколку живеете надвор од Европа, Средниот Исток или Африка, вие и ние неотповикливо ги признаваме ексклузивната надлежност и местото за водење на спорот на судовите на Луксембург за сите спорови што ќе произлезат од или се во врска со услугите за потрошувачи од брендот Skype. За сите други услуги, субјектот со кој склучувате договор, законите што се применуваат и местото за решавање на споровите се дадени подолу:
Вашите локални закони за потрошувачите може да бараат да се применуваат одредени локални закони или ви даваат право да ги решавате споровите на друг форум, без оглед на овие услови. Во таков случај се применуваат одредбите од дел 10 за избор на закон и форум, онолку колку што дозволуваат вашите локални закони за потрошувачите.
11. Гаранции.
Исто така имате право да изберете рефундирање или замена за големите неуспеси со стоките. Доколку неуспехот со стоките или услугата не се вбројува во голем неуспех, имате право да го коригирате неуспехот во разумен рок. Доколку ова не се направи, имате право на рефундирање за стоките и да го откажете договорот за услугата, како и да добиете рефундирање за секој неискористен дел. Исто така имате право на компензација за какви било други разумно предвидливи загуби или штети од неуспехот кај стоките или услугата.
12. Ограничување на одговорноста.
13. Услови за конкретни услуги. Условите пред и по дел 13 се однесуваат општо на сите услуги. Овој дел содржи услови за конкретни услуги како дополнување на општите услови. Овие услови за конкретни услуги контролираат ако има какви било конфликти со општите услови.
14. Разно. Овој дел и деловите 1, 9 (за износи настанати пред истекот на овие услови), 10, 11, 12, 15, 17 и оние што според нивните услови се применуваат откако овие услови ќе истечат, ќе опстанат по какво и да било прекинување или откажување на овие услови. До степен дозволен со применлив закон, ние можеме, целосно или делумно во секое време без да ве известиме, да ги доделиме овие услови, да ги пренесеме на подизведувачи нашите обврски според овие услови или дадеме подлиценца за нашите права според овие услови. Вие не смеете да ги доделите овие услови или да пренесете какви било права за користење на услугите. Ова е целосниот договор помеѓу вас и Microsoft за користење на услугите. Тој ги заменува сите претходни договори помеѓу вас и Microsoft во однос на користењето на услугите. При прифаќањето на овие услови, немавте предвид никаква изјава, претставување, гаранција, согласност, преземање, ветување или осигурување освен она што е изречно изнесено во овие услови. Сите делови од овие услови се применуваат до максималниот степен дозволен со соодветните закони. Ако некој суд или арбитер смета дека не може да спроведеме дел од овие услови како што е запишано, тогаш можеме да ги замениме тие услови со слични услови до степен што е спроведлив според соодветниот закон, но остатокот од овие услови ќе остане непроменет. Овие услови се наменети само за ваше и наше добро. Овие услови не се наменети за доброто на која било друга личност, освен за следбениците и правните наследници Microsoft. Насловите на деловите се само за референца и немаат никакво правно дејство.
15. Побарувањата мора да се поднесат во рок од една година. Секое побарување што е поврзано со овие услови или услугите мора да се поднесе до суд (или на арбитража, ако се примени делот 10.г) во рок од една година од датумот кога за првпат можете да го поднесете побарувањето, освен ако вашите локални закони бараат подолг временски рок за поднесување побарувања. Ако побарувањето не се поднесе во тој рок, тогаш е трајно блокирано.
16. Закони за извоз. Морате да ги почитувате сите домашни и меѓународни закони и прописи за извоз, кои се однесуваат на софтверот и/или услугите кои вклучуваат ограничувања за дестинациите, крајните корисници и крајната употреба. За дополнителни информации за географските и извозните ограничувања, одете на http://approjects.co.za/?big=exporting.
17. Задржување на права и повратни информации. Освен ако не е изречно наведено во овие услови, Microsoft не ви доделува лиценца ниту какви било други права од каков било вид патенти, знаење, авторски права, трговски тајни, заштитени знаци или друга интелектуална сопственост што ја поседува или контролира Microsoft или некој друг поврзан субјект, вклучувајќи но не ограничувајќи се на кое било име, трговски изглед, лого или еквиваленти. Доколку на Microsoft му дадете идеја, предлог, сугестија или повратни информации, вклучувајќи ги без ограничување идеите за нови производи, технологии, промоции, имиња на производи, повратни информации за производи и подобрувања на производи („Повратни информации“) на Microsoft му давате право, без наплата, авторски права или други обврски кон вас, да направи, создаде, креира изведени дејства, да користи, споделува и да ги комерцијализира повратните информации на каков било начин и за каква било цел. Нема да давате повратни информации што подлежат на лиценца што бара од Microsoft да го лиценцира својот софтвер, технологиите и документацијата на која било трета страна бидејќи Microsoft ги вклучува вашите повратни информации во нив.
Известувања и постапка за поднесување побарувања за кршење на правата од интелектуална сопственост. Microsoft ги почитува правата од интелектуална сопственост на трети страни. Доколку сакате да испратите известување за прекршување на правата од интелектуална сопственост, вклучувајќи побарувања за повреда на авторски права, користете ги нашите постапки за поднесување известувања за прекршување (http://approjects.co.za/?big=en-us/legal/intellectualproperty/infringement) за тоа кои постапки се дел од овие одредби. САМО ПРАШАЊАТА ШТО СЕ РЕЛЕВАНТНИ ЗА ОВАА ПОСТАПКА ЌЕ ДА БИДАТ ОДГОВОРЕНИ.
Microsoft ги користи постапките пропишани со Наслов 17, Законик на Соединетите Држави, Дел 512 и, каде што е применливо, Поглавје III од Регулативата (ЕУ) 2022/2065 за одговарање на известувањата за прекршување на авторските права. Во соодветни околности, Microsoft може и да ги оневозможи или прекине сметките на корисниците на услуги од Microsoft кои може да се повторни прекршители. Дополнително, во соодветни околности, Microsoft може да ги суспендира известувањата за обработување од страна на поединци или субјекти што често поднесуваат неосновани известувања. Дополнително објаснување на важечките постапки за дадена услуга, вклучувајќи можно повторно разгледување за одлуки донесени од страна на Microsoft како дел од овие постапки, може да се најде на Известувања за прекршување (http://approjects.co.za/?big=legal/intellectualproperty/infringement).
Известувања и постапки во однос на прашањата за интелектуалната сопственост во рекламирањето. Прегледајте ги нашите Упатства за интелектуалната сопственост (https://go.microsoft.com/fwlink/?LinkId=243207) во однос на прашањата за интелектуалната сопственост на нашата мрежа за рекламирање.
Известувања за авторски права и трговски марки. Услугите се авторски права на © Microsoft Corporation и/или нивните снабдувачи, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. Сите права се задржани. Одредбите вклучуваат Насоки за заштитните знаци и брендови на Microsoft (http://approjects.co.za/?big=en-us/legal/intellectualproperty/trademarks/usage/general.aspx) (како што повремено се менуваат). Microsoft и имињата, логоата и иконите на сите производи, софтвер и услуги на Microsoft може да се нерегистрирани или регистрирани заштитни знаци на групацијата или компаниите на Microsoft во Соединетите Американски Држави и/или други законодавства. Следново е нецелосен список на заштитните знаци на Microsoft на http://approjects.co.za/?big=en-us/legal/intellectualproperty/trademarks/EN-US.aspx. Имињата на постоечки компании и производи може да се трговски марки на нивните сопственици. Сите права, кои не се изречно дадени во овие услови, се задржани. Одреден софтвер што се користи на одредени сервери за веб-локации на Microsoft е делумно базиран на работата на Independent JPEG Group. Авторски права © 1991 – 1996 на Томас Г. Леин. Сите права се задржани. Софтверот „gnuplot“ што се користи на одредени сервери на веб-локацијата на Microsoft е авторско право © 1986 – 1993 Thomas Williams, Colin Kelley. Сите права се задржани.
Медицинско известување. Microsoft не обезбедува медицински или каков било друг здравствен совет, дијагноза или третман. Секогаш барајте совет од вашиот лекар или друг квалификуван давател на здравствена услуга за сите прашања што може да ги имате во врска со вашата здравствена состојба, исхрана или програма за фитнес или добро здравје. Никогаш не го запоставувајте го професионалниот медицински совет или не одложувајте го неговото барање поради информациите што ги добивате на или преку услугите.
Берзански цени и индексни податоци (вклучувајќи ги индексните вредности). Финансиските информации обезбедени преку услугите се само за ваше лично, некомерцијално користење. Не смеете да користите никакви финансиски податоци или ознаки на кој било издавач на лиценца од трета страна, во врска со издавањето, создавањето, спонзорирањето, тргувањето, рекламирањето или промовирањето на какви било финансиски инструменти или инвестициски производи (на пример, индекси, деривати, структурирани производи, инвестициски фондови, фондови со кои се тргува на берза, инвестициски портфолија итн., каде што цената, приходот и/или изведбата на инструментот или инвестицискиот производ е заснована на, поврзана со или е наменета за следење кои било од финансиските податоци) без посебен пишан договор со издавачот на лиценца од трета страна.
Финансиско известување. Microsoft не е брокер/дилер или регистриран советник за инвестиции според федералниот закон за хартии од вредност на Соединетите Американски Држави или според законите за хартии од вредности на други законодавства и не ги советува поединците за препорачливост за инвестирање, купување или продавање хартии од вредност или други финансиски производи или услуги. Ништо во услугите не претставува понуда или барање за купување или продавање хартии од вредност. Ниту Microsoft ниту неговите даватели на лиценци за берзански цени или индексни податоци не одобруваат и не препорачуваат одредени финансиски производи или услуги. Ништо во услугите не е наменето како стручен совет, вклучувајќи го, но не ограничувајќи се на советот за инвестирање или даноци.
Известување за видео стандардите H.264/AVC и VC-1. Софтверот може да вклучува и технологија на кодирање H.264/AVC и/или VC-1 што е лиценцирана од MPEG LA, L.L.C. Оваа технологија е формат за компресија на податоци од видео информации. MPEG LA, L.L.C., бара објавување на следново известување:
ОВОЈ ПРОИЗВОД Е ЛИЦЕНЦИРАН СПОРЕД ЛИЦЕНЦИТЕ ОД ПАТЕНТНОТО ПОРТФОЛИО H.264/AVC И VC-1 ЗА ЛИЧНО И НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА ПОТРОШУВАЧИ ЗА (А) КОДИРАЊЕ ВИДЕОЗАПИСИ ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДИТЕ („ВИДЕО СТАНДАРДИ“) И/ИЛИ (Б) ЗА ДЕКОДИРАЊЕ НА H.264/AVC, MPEG-4 VISUAL И VC-1 ВИДЕОЗАПИСИ ШТО БИЛЕ КОДИРАНИ ОД СТРАНА НА ПОТРОШУВАЧ ЗА НЕГОВА ЛИЧНА И НЕКОМЕРЦИЈАЛНА УПОТРЕБА И/ИЛИ НАБАВЕНИ ОД ДАВАТЕЛ НА ВИДЕО-УСЛУГИ ЛИЦЕНЦИРАН ДА ДАВА ТАКВИ ВИДЕОЗАПИСИ. НЕ СЕ ДАВА, НИТУ СЕ ПОДРАЗБИРА ЛИЦЕНЦА ЗА КАКВА БИЛО ДРУГА УПОТРЕБА. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД MPEG LA, L.L.C. ПОГЛЕДНЕТЕ НА ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА НА MPEG LA (https://www.mpegla.com).
Само за појаснување, ова известување не ја ограничува и не ја забранува употребата на софтверот обезбеден со овие услови за нормална деловна употреба што е лична за тој бизнис и не вклучува (i) редистрибуција на софтверот на трети страни или (ii) создавање материјал со технологии што се сообразни со ВИДЕО СТАНДАРДИТЕ за дистрибуирање на трети страни.
Известување за видео стандардот H.265/HEVC. Софтверот може да ја вклучува технологијата за кодирање H.265/HEVC. Access Advance LLC бара објавување на следново известување:
ДОКОЛКУ Е ВКЛУЧЕНА, ТЕХНОЛОГИЈАТА H.265/HEVC ВО ОВОЈ СОФТВЕР ЈА ПОКРИВААТ ЕДНО ИЛИ ПОВЕЌЕ БАРАЊА НА HEVC PATENTS, НАВЕДЕНИ ВО: PATENTLIST.ACCESSADVANCE.COM. ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТОА КАКО СТЕ ГО ДОБИЛЕ СОФТВЕРОТ, ОВОЈ ПРОИЗВОД МОЖЕ ДА БИДЕ ЛИЦЕНЦИРАН СПОРЕД ПАТЕНТНОТО ПОРТФОЛИО НА HEVC ADVANCE.
Ако овој софтвер е инсталиран на Microsoft уред, дополнителни информации за лиценцирањето може да се најдат на: aka.ms/HEVCVirtualPatentMarking.
СТАНДАРДНИ УСЛОВИ НА ЛИЦЕНЦА ЗА АПЛИКАЦИЈА
MICROSOFT STORE, MICROSOFT STORE НА WINDOWS И MICROSOFT STORE НА XBOX
Овие услови од лиценцата претставуваат договор меѓу вас и издавачот на апликацијата. Ве молиме прочитајте ги. Тие се однесуваат на софтверските апликации што ги преземате од Microsoft Store, Microsoft Store на Windows или Microsoft Store на Xbox (на секоја од нив е упатено во лиценците услови, како „Store“), вклучувајќи ги сите ажурирања или додатоци за апликацијата, освен ако апликацијата не доаѓа со посебни услови, па во тие случаи се применуваат тие услови.
СО ПРЕЗЕМАЊЕ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ИЛИ СО ОБИДОТ ДА ГО НАПРАВИТЕ ТОА, ВИЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ УСЛОВИ. ДОКОЛКУ НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ, НЕМАТЕ ПРАВО И НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТЕ ИЛИ КОРИСТИТЕ АПЛИКАЦИЈАТА.
Под издавач на апликацијата се подразбира субјектот што ви ја издава лиценцата за апликацијата, како што се идентификува во Store.
Доколку ги прифаќате и се придржувате кон условите од лиценцата, ги имате правата наведени во продолжение.
Ова ограничување се применува за:
Исто така, се применува дури и ако:
Следниве производи, апликации и услуги се опфатени со Договорот за услуги на Microsoft, но тие може да не бидат достапни на вашиот пазар.